Mandrake Linux

Инструкции за инсталирање

Потребна конфигурација

Инсталирањето Мандрак Линукс е, најчесто, едноставно. Го ставате инсталациското CD во CDROM-от и го рестартирате компјутерот. Видете ја точка 1.

ЗАБЕЛЕШКА:


Мандрак Линукс можете да инсталирате и на Windows 95/98/ME систем, преку Linux for Windows. Оваа опција не бара партицирање на дискот, и инсталира Линукс во Виндоус фолдер. Тоа може да биде пригоден начин да го испробате Мандрак Линукс без да го модифицирате Вашиот Windows систем. Сепак, така системот ќе работи значително побавно отколку при регуларна инсталација. Исто така, Вашата Мандрак Линукс инсталација ќе биде изгубена ако преинсталирате Windows. Видете ја точка 2 ако сакате да користите Linux for Windows.

Ова е листа на различните начини на инсталирање Мандрак Линукс:

  1. Подигање од CD
  2. Инсталирање во Windows 95/98/ME
  3. Подигање со дискета (направена под Windows)
  4. Други методи за инсталирање


1. Подигање од CD

Инсталациското ЦД е "bootable". Најчесто, доволно е само да го внесете ЦДто во ЦДРОМ-от и да го рестартирате компјутерот. Следете ги инструкциите од екранот: притиснете го копчете [Enter] за да започнете со инсталација, или копчето [F1] за дополнителни информации.

ЗАБЕЛЕШКА:

Некои компјутери не подигаат од ЦД. Во таков случај, треба да направите boot-дискета. Видете ја точката 3.

[кон почетокот]


2. Инсталирање во Windows 95/98/ME

За да инсталирате Mandrake Linux во Windows фолдер, на тој начин избегнувајќи партицирање на дискот:

  1. Внесете го првото ЦД,
  2. Рестартирајте го компјутерот,
  3. Притиснете [F1] кога ќе се појави екранот на Mandrake Linux
  4. Напишете lnx4win во промптот, и притиснете [Enter]
Следете ги инструкциите од екранот.

Дополнителни детали за lnx4win може да се најдат во соодветната readme датотека.

ЗАБЕЛЕШКА:

Кога ќе го внесете цедето под Windows, ќе се појави прозорче од кое имате пристап до документацијата за инсталирање и до демонстрациите и туторите на Мандрак Линукс. Исто така, од таму можете директно да ги создадете boot-дискетите, опишани во точка 3.

Ако прозорчето не се појави само од себе, одете на Run под Start-менито и напишете:

D:\dosutils\autorun.exe

(под претпоставка дека D е буквата за Вашиот CDROM).

[кон почетокот]


3. Подигање со дискета (направена под Windows)

Ако Вашиот компјутер не бутира директно од CDROM, мора да направите boot-дискета, што под Windows се прави на следниот начин:

За да започнете со инсталацијата:

[кон почетокот]


4. Други методи за инсталирање

Ако претходните методи не Ви одговараат (на пример, сакате да инсталирате од мрежа, или од pcmcia уред, или  ...), ќе мора да создадете boot-дискета:

Ова е листата на бут-имиџи (boot images):

cdrom.img инсталација од CD-ROM
hd.img инсталација од хард диск (од Linux, Windows, или ReiserFS фајлсистем)
network.img инсталација од ftp/nfs/http
other.img инсталација со ретко-користени драјвери кои не ги собира на претходните дискети.
pcmcia.img инсталација од pcmcia уреди (Забелешка: повеќето pcmcia мрежни адаптери сега се директно поддржани со network.img)
usb.img инсталација од USB уреди: USB мрежни адаптери за мрежна инсталација, или USB CDROM/CDRW уреди за cdrom инсталација
blank.img инсталација со Ваш сопствен линукс кернел

blank.img е минимален имиџ за инсталација со Ваш сопствен линукс кернел.

[кон почетокот]


Исто така, можете да инсталирате во текстуален режим ако, од некоја причина, имате проблем со нормалната графичка инсталација. За да го користите, притиснете на [F1] во поздравниот екран на Mandrake Linux, и потоа во промптот напишете text

Ако треба да го спасувате (rescue) Вашиот постоечки Мандрак систем, внесете го инсталацискиот CDROM (или релевантната дискета), притиснете на [F1] во поздравниот екран на Mandrake Linux, и потоа во промптот напишете rescue

За повеќе технички информации видете го http://www.linux-mandrake.com/drakx/README.

[кон почетокот]


Ова се главните стадиуми на инсталација:

  1. Го внесувате инсталациското CD (или инсталациската дискета) и го рестартирате компјутерот.
  2. Притискате [Enter] кога ќе се појави поздравниот екран на Мандрак Линукс (следете ги инструкциите внимателно).
  3. Кога инсталацијата ќе заврши, го вадите ЦД-то штом автоматски ќе се отвори вратата на ЦДРОМ-от (и ги вадите дискетите што се внатре); Вашиот компјутер ќе се рестартира. Ако не се рестартира автоматски, рестартирајте го рачно.
  4. Mandrake Linux ќе се вклучи. По подигањето, можете да се најавите на Вашата машина под корисничко име направено при исталацијата, или како "root".

Важна белешка:

Најавувањето како "root" ќе Ви овозможи неограничен пристап на Вашиот Линукс систем. Немојте да го користите за друго освен за конфигурација и администрација. За секојдневна работа, користете нормален кориснички акаунт, кој можете да го конфигурирате со помош на алатката "userdrake", или со командите "adduser" и "passwd".

Со среќа со Вашиот Мандрак Линукс !

[кон почетокот]


За инсталациска поддршка видете ја Мандрак Линукс diffusion листата и FAQ-овите (најчесто поставувани прашања) на веб сајтот: