Mandrakelinux Инструкции за инсталирање Потребна конфигурација * Pentium или компатибилен процесор * CDROM уред * Барем 32 MB RAM; 64 MB се препорачани Инсталирањето Мандрак Линукс е, најчесто, едноставно. Го ставате инсталациското CD во CDROM-от и го рестартирате компјутерот. Видете ја точка 1. ЗАБЕЛЕШКА: * Ако правите upgrade од верзиите 7.x, 8.x или 9.x на Мандрак Линукс, не заборавајте да направите бекап на Вашиот систем. * Upgradе од постари верзии (пред 7.0) НЕ е поддржан. Во тој случај, треба да направите свежа инсталација, а не апгрејд. ______________________________________________________________________ Ова е листа на различните начини на инсталирање Мандрак Линукс: 1. Подигање од CD 3. Подигање со дискета (направена под Windows) 4. Други методи за инсталирање ______________________________________________________________________ 1. Подигање од CD Инсталациското ЦД е "bootable". Најчесто, доволно е само да го внесете ЦДто во ЦДРОМ-от и да го рестартирате компјутерот. Следете ги инструкциите од екранот: притиснете го копчете [Enter] за да започнете со инсталација, или копчето [F1] за дополнителни информации. ЗАБЕЛЕШКА: Некои компјутери не подигаат од ЦД. Во таков случај, треба да направите boot-дискета. Видете ја точката 3. ______________________________________________________________________ 2. Подигање со дискета (направена под Windows) Ако Вашиот компјутер не бутира директно од CDROM, мора да направите boot-дискета, што под Windows се прави на следниот начин: * внесете го цедето, отворете ја иконата "My Computer", со најдесното копче од глушецот притиснете еднаш на иконата на CDROM-от и изберете "Open" * одете во "dosutils" директориумот и кликнете двапати на иконата "rawwritewin" * внесете празна дискета во дискетниот уред * изберете "D:\images\cdrom.img" во полето "Image File" (под претпоставка дека "D:" е буквата за Вашиот CDROM уред) * изберете "A:" во полето "Floppy Drive" и потоа притиснете на "Write". За да започнете со инсталацијата: * Внесете ги и цедето и дискетата, и потоа * Рестартирајте го компјутерот. ______________________________________________________________________ 333333333333333333333333333333333тоди за инсталирање Ако претходните методи не Ви одговараат (на пример, сакате да инсталирате од мрежа, или од pcmcia уред, или ...), ќе мора да создадете boot-дискета: * Под Linux (или други модерни UNIX-и), во командна линија напишете: $ dd if=xxxxx.img of=/dev/fd0 * Под Windows, следете го методот опишан во точка 3, но користете го xxxxx.img (видете подолу) наместо cdrom.img. * Под DOS, под претпоставка дека D: е буквата за Вашиот ЦДРОМ, напишете: D:\> dosutils\rawrite.exe -f images\xxxxx.img -d A Ова е листата на бут-имиџи (boot images): cdrom.img инсталација од CD-ROM hd.img инсталација од хард диск (од Linux, Windows, или ReiserFS фајлсистем) network.img инсталација од ftp/nfs/http other.img инсталација со ретко-користени драјвери кои не ги собира на претходните дискети. pcmcia.img инсталација од pcmcia уреди (Забелешка: повеќето pcmcia мрежни адаптери сега се директно поддржани со network.img) usb.img инсталација од USB уреди: USB мрежни адаптери за мрежна инсталација, или USB CDROM/CDRW уреди за cdrom инсталација blank.img инсталација со Ваш сопствен линукс кернел blank.img е минимален имиџ за инсталација со Ваш сопствен линукс кернел. ______________________________________________________________________ Исто така, можете да инсталирате во текстуален режим ако, од некоја причина, имате проблем со нормалната графичка инсталација. За да го користите, притиснете на [F1] во поздравниот екран на Mandrakelinux, и потоа во промптот напишете text Ако треба да го спасувате (rescue) Вашиот постоечки Мандрак систем, внесете го инсталацискиот CDROM (или релевантната дискета), притиснете на [F1] во поздравниот екран на Mandrakelinux, и потоа во промптот напишете rescue За повеќе технички информации видете го http://www.linux-mandrake.com/drakx/README. ______________________________________________________________________ Ова се главните стадиуми на инсталација: 1. Го внесувате инсталациското CD (или инсталациската дискета) и го рестартирате компјутерот. 2. Притискате [Enter] кога ќе се појави поздравниот екран на Мандрак Линукс (следете ги инструкциите внимателно). 3. Кога инсталацијата ќе заврши, го вадите ЦД-то штом автоматски ќе се отвори вратата на ЦДРОМ-от (и ги вадите дискетите што се внатре); Вашиот компјутер ќе се рестартира. Ако не се рестартира автоматски, рестартирајте го рачно. 4. Mandrake Linux ќе се вклучи. По подигањето, можете да се најавите на Вашата машина под корисничко име направено при исталацијата, или како "root". Важна белешка: Најавувањето како "root" ќе Ви овозможи неограничен пристап на Вашиот Линукс систем. Немојте да го користите за друго освен за конфигурација и администрација. За секојдневна работа, користете нормален кориснички акаунт, кој можете да го конфигурирате со помош на алатката "userdrake", или со командите "adduser" и "passwd". Со среќа со Вашиот Мандрак Линукс ! ______________________________________________________________________ За инсталациска поддршка видете ја Мандрак Линукс diffusion листата и FAQ-овите (најчесто поставувани прашања) на веб сајтот: * http://www.mandrakelinux.com/ ______________________________________________________________________